Од задутре, среда, ќе почне годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЦЕМТ-дозволите за 2013 година и изготвување поединечен план како резервација на поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за наредната година. Трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки или лиценца за превоз на стока за сопствени потреби за ЦЕМТ-дозвола ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk заклучно со 15 октомври до 24 часот. За 2013 година Министерството за транспорт и врски има на располагање 1.200 годишни ЦЕМТ-дозволи за возила со стандард еуро 5, како и 800 месечни ЦЕМТ-дозволи за возила со еуро 4 и еуро 3 стандард. Процентот на покриеност со годишни ЦЕМТ-дозволи на возилата со еуро 5 стандард ќе биде од 78% на ниво на цела Македонија.
Од задутре, среда, ќе почне годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЦЕМТ-дозволите за 2013 година и изготвување поединечен план како резервација на поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за наредната година, соопшти вчера Министерството за транспорт и врски.
Трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки или лиценца за превоз на стока за сопствени потреби за ЦЕМТ-дозвола ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk заклучно со 15 октомври до 24 часот.
За 2013 година Министерството за транспорт и врски има на располагање 1.200 годишни ЦЕМТ-дозволи за возила со стандард еуро 5, како и 800 месечни ЦЕМТ-дозволи за возила со еуро 4 и еуро 3 стандард. Процентот на покриеност со годишни ЦЕМТ-дозволи на возилата со еуро 5 стандард ќе биде од 78% на ниво на цела Македонија.
- Електронскиот начин на аплицирање и распределба го прави целиот процес максимално транспарентен, затоа што ја елиминира вклученоста на човечкиот фактор, исклучувајќи можност за коруптивно дејствување во работењето и истовремено ја олеснува процедурата за аплицирање заштедувајќи време и непотребни трошоци и за превозниците и за администрацијата соопштија од Министерството.